Сервисни акции

Välkommen

Пакет за добредојде

Во рамките на Välkommen пакетот нашите техничари се грижат за ставки како што се, на пример, технички преглед пред поаѓање на одмор или подолго патување за Вашето возило да биде подготвено. Темелно го прегледуваат и по потреба го ажурираат програмскиот систем за да Ви овозможат да бидете потполно безгрижни. Цената на услугата е 950 денари, а во случај на редовен сервис или поправка, услугата е бесплатна.

Сите овластени Volvo сервиси се опремени со посебен програм, VIDA, кој единствено може да обезбеди адекватно ажурирање на софтверот во Вашето Volvo. Од моментот кога ќе станете наш нов клиент, бесплатно Ви ги обезбедуваме сите потребни информации за Вашето Volvo. Додатно, Ве известуваме за новости и промени, важни сервисни акции и нови погодности кои редовно ги правиме за Вас.

Искористе ги погодностите на пакетот/a>

КЛАСИЧЕН СЕРВИС

Пакети за редовно одржување на возила постари од 5 години

Ние сакаме Вашето Volvo да се вози уште долго и одлично да работи, година за година, километар за километар. Затоа направивме сè за да Ви овозможиме задоволство во безгрижното возење. Сега сè е обединето под еден покрив со пакетот за удобно редовно одржување. Ценовно достапните пакети за редовно одржување вклучуваат именување на Ваш личен сервисен советник, модерни бесплатни превентивни прегледи и перење на возилото. Секоја работилница на Volvo користи оригинални Volvo резервни делови преку уникатниот метод на Volvo и нуди бесплатно ажурирање на софтверот кој секој пат го прави Вашето Volvo уште подобро.

Закажете сервис

Јазичното прилагодување

Разберете го своето Volvo како што Volvo ве разбира Вас

Јазичното прилагодување на системот Ви овозможува да ги разберете известувањата од Вашето Volvo. Затоа на секој возач кој го има купено своето Volvo во странство му нудиме можност да се ажурира системот на избран јазик.
Промотивната понуда за промена на јазик која трае до 30.06.2018 чини само 4.931,00 ден.

Закажете сервис

Polestar

Зачинете го секојдневното возење со Polestar оптимизација на моторот

Софтверската Polestar оптимизација ги подобрува перформансите на моторот во Вашето Volvo – му овозможува дополнителна моќност и повисок вртежен момент за комплетно задоволство при возењето. Оптимизацијата не ја зголемува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови, а Вашето возило ја задржува фабричката и сервисната гаранција.

Оптимизирајте го своето Volvo

Ажурирањето

Безгрижно снаоѓање на пат

Во овластените Volvo сервиси бесплатно ги ажурираме сите мапи за сите модели на Volvo од 2015 година. Ажурирањето на навигацијата за моделска година од 2011 до 2014 е достапно по поволна цена од 4.200,00 ден, а секое следно ажурирање е бесплатно.

Ажурирајте го навигациониот систем.

менувачот

Погрижете се за својот автоматски менувач

Голем број на сопственици на возила го занемаруваат одржувањето на менувачот што може да доведе до потешко менување на брзините, погласно работење на менувачот и побрзо абење. Промената на масло го препорачуваме на секои 80.000 изминати километри.
Искористете ја оваа понуда за промена на масло во менувач која трае до 30.06.2018 по цена од 9.584,00 ден.

Закажете сервис