MIDA GRAND MOTORS D.O.O.

Новости

08.06.2017

Експертите на Volvo Cars добија престижна награда од Американската национална администрација за безбедност на автопатишта

Volvo Cars, произведувачот на премиум автомобили и синоним за напредни и безбедни системи, уште еднаш беше препознат по својот придонес за унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалувањето на фатални и тешки повреди на патишта од страна на Националната администрација за безбедност на автопатишта на Соединетите Американски Држави.

Пер Лехнов, сениор менаџер и Магдалена Линдмен, технички експерт за анализа на податоците за безбедност во сообраќајот, кои работат во безбедносниот центар на Volvo Cars, беа препознати по нивниот придонес во зголемување на безбедноста во сообраќајот од Националната администрација на безбедност на автопатишта на САД. Тие со години работат на развојот на широка палета системи, вклучувајќи ја и заштитата на патниците при излегување од патот, но и физички и компјутерски тест методи кои снимаат и ги копираат ударите од реалниот живот.

Со јасен фокус на безбедноста во реалниот живот и Магдалена Линдмен и Пер Ленхоф дадоа суштински придонес на високо ниво на безбедност во најновите производи на Volvo Cars, вклучувајќи го и новиот XC60. Новиот XC60 има системи за напредна поддршка на возачот и помош при управување, кои припаѓаат на најнапредните системи на пазарот.

„Воодушевени сме што имаме можност да добиеме признание за нашата работа“ – изјави Магдалена Линдмен, техничкиот експерт за анализа на податоци за безбедност во сообраќајот во безбедносниот центар на Volvo Cars. „Нашата цел е да ги направиме патиштата побезбедно место за сите. Ова е причина зошто даваме толку големо значење на разбирањето на податоците добиени од реалниот свет. Ние во Volvo Cars не ги развиваме возилата само да го поминат тестот за безбедност – ги развиваме за да спасуваат животи. Ова отсекогаш била наша почетна точка“.

Линдмен и Леноф влегоа во ексклузивниот клуб на инженерите за безбедност на Volvo кои го добиле ова признание на полето на пионерската иновација за безбедност.

„Презадоволни сме што Магдалена и Пер го добија ова признание од Националната администрација за безбедност на автопатишта на САД за нивната извонредна работа. Фондацијата на Volvo Cars е изградена за да ги заштити луѓето, разбирајќи ги нивните потреби и правејќи ги подобри нивните животи. Нашата доследност во пристапот да се препознае безбедноста во реални услови во текот на изминатите години јасно влијаеше на животите на многу луѓе ширум светот. Нашата визија е никој да не биде убиен или повреден во новиот Volvo автомобил до 2020-та година“ – изјави Малик Екхолм, потпретседател на безбедносниот центар на Volvo Cars.

Volvo Cars е единствен во автомобилската индустрија поради својот пристап кон безбедноста. Од 1970-та година, шведската марка собираше податоци за илјадници судири од реалниот свет со цел подобро да ги препознае безбедносните потреби во релниот живот. Визија на безбедност и Безбедност во вистинскиот живот се дел од програмата за одржливост на Volvo наречена Omtanke.

Контактирајте не

MIDA GRAND MOTORS D.O.O.
Bul 8-mi Septemvri br. 18, 1000 Skopje

E: sales@vcm.mk (Продажба / Sales)
T: (+389)-2-3064-056 (Продажба / Sales)

E: service@vcm.mk (Сервис / Service)
T: (+389)-2-3073-103 (Сервис / Service)

Работно време

САЛОН

Пон - Пет:08:00 - 18:00
Сабота:08:00 - 14:00

СЕРВИС

Пон - Пет:08:00 - 16:00
Сабота:09:00 - 14:00