MIDA GRAND MOTORS D.O.O.

Новости

15.02.2017

Волво ја открива страста во животот со В90 Крос Кантри

Скопје – Шест од десет луѓе, глобално, сакаат повеќе активност надвор од домот – планинарење, трчање и возење велосипед, покажува меѓународното истражување спроведено од компанијата Волво Автомобили (Volvo Cars). Токму со новата кампања за B90 Крос Кантри, оваа компанија ги предизвикува луѓето, повторно, да ја откријат страста во животот.

Истражувањето покажало дека меѓу личностите кои не можат да дадат приоритет на своите хобија, дури 68 отсто тврдат дека нивната работа им одзема многу време во животот. Затоа, кампањата за B90 Крос Кантри ги охрабрува овие личности да им даддат приоритет и да се препуштат на авантурите.

„Повеќето од нас стигнуваат до одредена точка во животот кога одбираме кариера наместо да бидеме скијач или сурфер. За некои луѓе тоа значи губење на смислата за авантура откако се сместуваат во комфорниот живот. Оваа кампања нé потсетува дека е време повторно да се поврземе со луѓето и страстите кои ги сакаме толку многу и да го живееме животот до максимум“, вели Томас Андерсен, заменик претседател на маркетинг во Волво Автомобили групацијата.

Добивајќи инспирација од починатиот британски филозоф Алан Ватс, новата кампања ги охрабрува луѓето да ги откријат страстите, да размислат за приоритите во животот и да ги живеат во моментот.

„Без клишеа - слики од рурален терен или способности надвор од патот, B90 Крос Кантри е претставена како кола за бегање. Соврешено да овозможи луѓето да избегаат од нивните зафатени животи и да го постигнат бараниот баланс работа – живот“, вели Андерсен.

Кампањскиот филм, кој е снимен во и околу Ванкувер, Канада, ги следи четирите бизнис професионалци кои ги поврзуваат своите сакани со страстите на нивното минато, оставајќи го градот зад нивниот Волво B90 Крос Кантри за сурфање, риболов и сликање природа. Пејсажот е контрастиран од безвременскиот говор „Сега Живејте Исполнето“ од 1959 на Алан Ватс, кој ги обесхрабрува луѓето да живеат за иден статус и наместо тоа ги охрабрува да живеат во моментот и да прават повеќе од тоа што го сакаат. Пораката е јасна: „ Не можете да живеете воопшто освен ако не живеете исполнето сега“.

Алан Ватс (1915-1973) е британски филозоф, најдобро познат како преведувач и популаризатор на Источната филозофија за западната публика. До доцните 60-ти, станува антикултурен херој, кој патува и говори насекаде низ Европа и Америка. Напишал 25 книги и неговата аудио-библиотека содржи повеќе од 400 говори. Денеска, неговиот подкас има многу следбеници и содржината на YouTube достигнува десет милиони преземања. Неговите идеи се многу популарни во глобалната заедница за надворешни активности. Неговото наследство е управувано од синот Марк Ватс.

 

Контактирајте не

MIDA GRAND MOTORS D.O.O.
Bul 8-mi Septemvri br. 18, 1000 Skopje

E: contact@volvocars.mk (Продажба / Sales)
T: (+389)-2-3064-056 (Продажба / Sales)

E: contact@volvocars.mk (Сервис / Service)
T: (+389)-2-3073-103 (Сервис / Service)

Работно време

САЛОН

Пон - Пет: 08:00 - 18:00
Сабота: 08:00 - 14:00

СЕРВИС

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Сабота: 09:00 - 14:00